ТЕСТЕНИНИ ВО КРЕМАСТ СОС: 2 различни сирења кои се топат им даваат посебен вкус!

Вреди да се проба:

Подобри од болоњезе, макарони со 2 вида сирење во кремаст сос.

Пастите се првиот избор кога ви треба нешто брзо и вкусно. Тестенините во кремаст сос со 2 вида сирење се одличен избор за лесна вечера или ручек. До шпоретот ќе стоите помалку од половина час, а оброкот може да го јаде целото семејство. Можете да го послужите со салата.

- Advertisement -

Состојки:

  • 200 гр тестенини
  • 1 мал кромид
  • 3 чешниња лук
  • 3 лажици доматно пире
  • 0,5 лажички оригано
  • 3/4 лажичка шеќер
  • 1/4 лажичка чили во прав
  • 100 мл млеко
  • 150 мл слатка павлака
  • 150 гр чедар сирење
  • 150 гр моцарела
  • 50 гр путер

Подготовка:

Сварете ги макароните и зачувајте 100 мл од таа вода. Во тавче пропржете ги ситно сечканиот кромид и лукот, па додадете ја доматната паста и водата во која се сварени тестенините.

Потоа додадете сол и бибер, па додадете зачини. Добро промешајте, па додадете млеко и павлака за готвење. Промешајте, па додајте ги сварените макарони, ренданото сирење и путерот. Мешајте додека се се соедини.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!