Телешки шницли со бело вино

Вреди да се проба:

Реклама

Неколку парчиња внимателно одбрани шницли, малку вино, многу љубов и добивате феноменален фамилијарен ручек.

Состојки:

  • 500 г телешки шницли
  • 200 мл бело вино
  • малку сол, црн пипер
  • малку брашно
  • 40 г путер
  • малку свеж магдонос (сечкан)

Начин на подготовка:

Парчињата телешки гради ставете ги врз кујнска даска, помеѓу мрсна хартија за печење и со кујнски чекан исчукајте ги колку да добијат форма, но и да станат потенки. Сите парчиња извалкајте ги во брашно, а одозгора наросете малку сол и црн пипер.

Реклама

Во тава за пржење, растопете го путерот и пржете ги парчињата телешки гради. После околу 5 минути, свртете ги од другата страна. Кога се скоро готови, додадете вино.

Оставете ги на оган уште околу 5 минути или се додека не испари алкохолот од виното. Наросете малку магдонос и сервирајте ги топли во комбинација со печен компир или друг додаток по желба.

Реклама

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -