Телешки гради во пиво: Ручек на кој е невозможно да се одолее!

Вреди да се проба:

Јадење достојно за кралска трпеза. Направете богат ручек за целото семејство!

Состојки:

  • 1 кг телешки гради
  • 4 главици кромид
  • 4 чешниња лук
  • 300 мл пиво
  • сол по вкус
  • бибер по вкус
  • 200 гр пушена сланина исечена на парчиња
  • 1 кг компири

Подготовка:

Во врела тава испржете го месото од сите страни по неколку минути, па ставете го во плех за печење. Зачинете го со зачини по вкус и додадете четири чешниња лук, исецкан кромид на парчиња.

- Advertisement -

Потоа прелијте со пиво се одозгора. Загрејте ја рерната на 180 степени и печете го покриено месото околу еден час и половина. Извадете го капакот, додадете компири исечени на поголеми парчиња и печете уште 45 минути, повремено преливајте со сокот што го ослободува месото. Петнаесет минути пред крајот, ставете сланина на месото и печете додека не порумени.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!