Дали сакате да јадете нешто калорично и чоколаднo? Одолејте им на предизвиците и направете квалитетно домашно слатко што ќе ја задоволи желбата за шеќер, а нема да и наштети на линијата ако ја јадете во умерени количини.




Еве еден рецепт за слатки, кој не одзема време а и пари.
Состојки:
- 250 гр темно чоколадо (најмалку 60% какао)
- 125 мл слатка павлака
- 25 гр путер
- малку сол
- 1 грст печени лешници
- 200 гр сецкани лешници
- 100 гр чоколадо за готвење
- состојки по избор (цимет, чили, како во прав, шеќер во прав)




Подготовка:
Скршете го чоколадото и додадете сол на неа. Во друг сад растопете го путерот на тивок оган, додадете ја слатката павлака и пред да зоврие, тргнете ја од оган и прелијте со чоколадото.




Мешајте убаво за да се стопи чоколадото полесно и целосно да се комбинира со путерот и павлаката. Кога чоколадото ќе се стопи и смесата ќе биде изедначена и ладна, ставете ја во фрижидер и оставете ја најмалку два часа.




Извадете го од фрижидер и формирајте топчиња со дланките, а потоа во секоја притиснете по еден печен лешник.




Топчињата превртете ги во растопено чоколадо за готвење во кое претходно сте додале сецкани лешници и прелијте ги со некои зачини по ваш избор и вкус.




Послужете ги чоколадните топчиња – украсете го плехот со шеќер во прав на кој ќе нацртате интересни форми.




Пријатно!