СУТЛИЈАЧ со цимет : Вкусен кремаст десерт за сите генерации!

Вреди да се проба:

Реклама

Името сутлијач (или сутлијаш) потекнува од турскиот збор sütlaş = sütlü aş, што во превод значи “млечна храна”.

Сутлијачот е застапен скоро насекаде во светот. Овој десерт се појавува во повеќе варијации во поглед на густината и аромата што се додава, а основните состојки секогаш се млеко и ориз.

Реклама

Состојки:

  • 1 шолја ориз (180гр)
  • 1 литар млеко (топло)
  • 2 шолји вода
  • 3 лажици шеќер (60гр), или повеќе по желба
  • кора од лимон
  • цимет

Начин на подготовка:

Оризот се става во вода потопен да одстои 30 минути. Потоа во сад со дупло дно се вари исцедениот ориз со 2 шолји вода, на оган со средна температура. Се вари додека да ја абсорбира водата, околу 10 минути.

Потоа се додава млекото шолја по шолја, се намалува температурата и се вари со лесно мешање. Варењето трае околу 15 до 20 минути или додека се добие саканата густина.

Реклама

Две до три минути пред крај се додава шеќерот и се меша. Сутлијачот при крајот на варењето е сеуште течен.

Кората од лимон ја рендаме и ја додаваме кога варењето е завршено и лесно се меша. Сутлијачот при ладењето испарува и се продолжува да се згуснува.

Додека е уште топол го излеваме сутлијачот во припремени шоли или тањирчиња.
Секоја порција ја декорираме со поросување мелен цимет и ги оставаме да се изладат.

- Advertisement -

Се добиваат 8 сервирања од 200 мл.

На здравје!

ЗАБЕЛЕШКА: Со потопување на оризот почнува и процесот на готвење. Со овој процес се потпомага намалувањето на фитичната киселина во оризот. Познато е дека фитичната киселина го попречува искористувањето на минералите од храната. Со искиснувањето на оризот се подобрува достапноста на минералите од оризот и другите хранливе состојки што се варат заедно во случајов млекото. Воедно оризовите зрна се воздушести и времето на готвење е намалено.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -