Сурова чоколадна торта: Совршен избор за здрав и вкусен десерт…

Вреди да се проба:

Реклама

Супер вкусна и супер свежа торта – ова дефинитивно ќе ви биде омилениот рецепт за торта. Едно парче е доволно затоа што ќе ве засити само по себе, бидејќи во својот состав има многу намирници.

Потребни состојки:

За кора:

Реклама
  • 1 чаша бадеми
  • 1 чаша ореви
  • 2 лажици мелен цимет
  • 1 чаша суво грозје
  • 2 лажици кокосово масло
  • 2 лажици спирулина во прав (Spirulina Pacifica)

За фил:

  • 2 чаши индиски ореви несолени
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 1 лажица сок од лимон
  • ½ чаша кокосово масло
  • 50g какао путер или обичен путер
  • ⅓ чаша мед или јаворов сируп
  • 100ml (околу 7 лажици сок од цеден портокал)
  • ¾ чаша какако

Подготовка:

За кората, додадете ги сите состојки во блендер и блендирајте се додека не се соединат во хомогена смеса.

Реклама

Содржината додадете ја во калап за торта чиј обрач се остранува и додека ја ставате смесата притискајте ја со шпатула се додека не биде компресирана повеќе. Потоа ставете ја во фридижер да отстои околу 30-40 минути.

Филот исто така се блендира во блендер додека не се соедини и се става врз поврршината на кората. Одозгора филот убаво се мазни за да се добие совршена рамна површина.

Може да ја декорирате тортата за подобар изглед.

- Advertisement -

Замрзнете ја тортата околу 2 часа.

За крај додадете смрзнато шумско овошје.

На здравје!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -