Направете вкусна чорба која може да ја служите и како супа за слави. Ова е еден прекрасен рецепт за сите гурмани.




Состојки:
- 500 гр јагнешки цревца и дропчиња
- 1 лажичка сол
- 2 моркови
- 1/2 лажичка црн бибер
- 2 литри вода
- 1 гранче магдонос
- 2 лажици брашно
- 100 мл. масло
- 1 главица кромид




Начин на подготовка:
Убаво се чистат цревцата и дробчињата. Се мијат со вода и се ставаат да се варат, треба да вријат неколку пати со сол.
Се чистат цревцата, па се сецкаат на парченца по ваша желба. Така исчистени се посолуваат.




- Advertisement -
На многу малку масло се запржува морковчето иситнето на коцки. Се додаваат исечканите цревца и дробчиња, па се полеваат со вода.
Се оставаат да се сварат убаво и се зачинуваат.




Пред крајот се прави запршка со една главица кромид и 2 лажици брашно.
Оставете да поврие и пред крајот додадете ситно исецкан магдонос.




На здравје!