СУЛТАН ОБЛАНДИ СЕ ЧИСТ ХЕДОНИЗАМ: Слатка што се топи во устата!

Вреди да се проба:

Лесно и брзо се подготвуваат, а вкусот на карамела помеѓу две крцкави обланди е комбинација од соништа.

Состојки:

  • 2 листа од голема обланда
  • 300 + 200 гр шеќер
  • 250 гр маргарин или путер
  • 3 цели јајца
  • 200 гр суво грозје
  • 200 гр сецкани ореви
  • 300 гр мелени бисквити
  • 100 гр чоколадо
  • 3 лажици масло

Подготовка:

Ставете 300 гр шеќер во големо тенџере, потоа на тивок оган, така што шеќерот ќе се растопи. Додека чекате, разматете ги јајцата со остатокот од шеќерот.

- Advertisement -

Кога шеќерот ќе се растопи, додадете го путерот и измешајте додека не се соедини. Путерот ќе се оддели од шеќерот, па постепено ќе се топи. Сето ова трае околу 5 минути. Полека потоа истурете ја масата на јајца и измешајте.

Гответе околу 10 минути, додека повторно не зоврие, на средна топлина и не добиете фина карамела боја. Потоа тргнете од оган и додадете ореви, суво грозје и бисквити и соединете.

Оставете уште 15 минути да се излади. Потоа нанесете ја целата маса на обландата и распространете насекаде. Покријте со грубата страна на другата обланда и ставете нешто потешко одозгора, за убаво да се залепи.

Оставете да се излади и стегне, потоа нанесете глазура од 100 гр чоколадо, која ја стопивте на тивок оган со 3 лажици масло. Штом чоколадото се стврдне, може да се исече на парчиња и да се сервира.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!