Стружениот леб е специјалитет кој се добива со тоа што лебот направен по рецептот што следува, по печењето се струга по крупната страна од рендето.




Состојки:
- нешто повеќе од 1 кг брашно
- две лажички сол и сув квасец
- половина прашок за пециво
- лажичка шеќер
- две лажици масло
- една шолја млако млеко и вода
Подготовка:
Во млекото измешано со шеќер и малку брашно се става квасецот да нарасне. Во сад истурете го брашното, измешајте со сол и прашок за пециво, па додајте млеко и квасец со постојано мешање.




Полека додавајте вода за тестото да остане потврдо отколку за леб и на крај додадете масло. Добро измесете (додека не почнат да ве болат зглобовите), потоа покријте го со бела крпа и оставете го тестото да нарасне. Промешајте уште два пати.




Ако не можете да формирате топка со дланките, истегнете ја со сукало. Треба да биде потенка додека расте. Се валка од двете страни во брашно и се става во голема подмачкана тава (број 30) или на плех и густо се боцка со вилушка и се премачкува со масло. Оставете да нарасне околу половина час.




Печете околу 40 минути во загреана рерна на 220 степени додека не порумени, а потоа намалете ја температурата на 200 степени. Извадете го лебот од рерна, фатете го со крпа да не се изгорите и изрендајте ја слободната страна со крупната страна на рендето. Изрендајте ја само кората.




Кога се ќе заврши со отстранување на кората, премачкајте ја со влажни раце и вратете ја во рерна уште пет минути. Потоа се завиткува во крпа да стои.
Пријатно!