Ви подготвивме рецепт за највкусната пенеста торта која ќе ве однесе на седмо небо.
Состојки:
За кора:
- 8 белки
- 8 лажици шеќер
- 8 лажици брашно
- ½ прашок за печиво
За фил:
- 500 мл млеко
- 8 жолчки
- 2 кесички желатин во прав
- 500 мл слатка павлака
- 100 г крупно рендано црно чоколадо
- 150 г шеќер
Подготовка:
Белките изматете ги со шеќерот, па кога ќе добиете цврст снег, со лажица додадете го брашното со прашокот за печиво и внимателно промешајте.
Смесата излејте ја во намастен плех и печете во загреана рерна на 200 степени 30 минути, но ова најмногу зависи од рерната, мојата пријателка ја пече на 190 степени само 10-15 минути. Јас ја печев во плехот од рерна, но моја препорака е да користите со димензии 40х30 см.
Кога кората е печена, прелијте ја со 100 мл врело млеко, па оставете ја да излади.
За подготовка на филот, натопете две кесички желатин во малку ладна вода. Половина литар млеко сварете, а жолчкит и жеќерот пенасто изматете ги па прелијте ги со врелото млеко. Не дозволувајте да зоврие, туку само малку загрејте ги за да се сварат јајцата.
Потоа додека е врело прелијте го желатинот и оставете го да излади и да стане млако.
Изматете 500 мл слатка павлака во шлаг, па во него додадете ја смесата од желатин, јајца и млеко, па додадете го крупно ренданото чоколадо.
Прелијте ја кората со оваа смеса, па колачот ставете го во фрижидер неколку часови за да се стегне.
Пријатен апетит!