Стар Турски рецепт за ќофтиња – малку поразлични а сепак превкусни

Вреди да се проба:

Реклама

Подготовката е брза и лесна, а тоа е една од особините која беше мотивација за овој рецепт да го споделиме со сите вас!


Бидејќи станува збор за турски рецепт за ќофтиња, малку е различен од она што сме навикнале. Таму ги обожаваат, па се надеваме дека ќе ви се допаднат и ќе ги подготвувате почесто!

Реклама


Имаат неколку зачини во својот состав што ги издвојува во вкусот. Тоа е одлична прилика да избегаме од истото секојдневние на кое сме навикнале. Исто како да сме на дегустативно патување. Уживајте!

Реклама

Состојки:

  • 750 гр мелено месо
  • 2 главици кромид
  • 2 кришки леб без кора
  • 1 јајце
  • магдонос по потреба
  • 1 лажичка ким
  • 2 лажички сол
  • путер за пржење.

Подготовка:

Најпрво натопете го лебот во водата. Исцедете го и претворете го во ситни трошки.


Така припремениот леб ставете го во поголем сад и додајте ги сите останати состојки. Откако убаво ќе ја измесите смесата, со раце оформете топчиња со посакувана големина.

- Advertisement -


Во тава на оган загрејте ја маснотијата и убаво пропржете ги ќофтињата, додека добијат пријатна кафеава боја.
Послужете ги со прилог по желба, а најдобро со свежа салата.

На здравје!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -