Стар рецепт од нашите предци – Бабина топеница!

Вреди да се проба:

Реклама

Ова е старински начин како да го искористите останатиот леб, а сепак да добиете еден превкусен топол оброк. Имате појадок или вечера за 10 минути!

Состојки:

  • леб
  • масло
  • сирење

Лебот треба да е барем од претходниот ден за поубаво да се рони. Количините се по потреба во зависност за колку особи подготвувате.

Реклама

Корките од лебот се кршат на ситни парченца, а средината ја роните. Во садот во кој е лебот со рака попрскувате малку вода и убаво промешувате (не треба да биде многу наводенет лебот).

Во тава на оган ставате многу малку масло колку само да се намрси, кога ќе се загрее го ставте лебот. Мешајте со дрвена лажица и по потреба додавајте масло.

Реклама

Лебот не треба да се пржи во многу масло, туку само малку колку да добие вкус.

Мешајте цело време со дрвена лажицата и пржете додека не бидат крцкави парченцата.

Ставете во чинија, изрендајте сирење и послужете со чаша јогурт.

- Advertisement -

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -