Стар германски рецепт за колачиња со цимет: Со овој трик за глазура колачите ќе изгледаат совршено исто како на сликата

Вреди да се проба:

Реклама

Божиќ и Нова Година се вистинско време да ја изразите својата креативност, па затоа пробајте го овој германски рецепт за колачиња со цимет.

Ѕвездите од цимет со глазура се совршени божиќни колачи. Можете да ги направите како подарок некому, само ставете ги во тегла и украсете ги со декоративна новогодишна лента. Тестото лесно се прави, а од оваа количина се добиваат околу 60-70 колачиња.

Реклама

Украсувањето со глазурра е внимателна работа што бара трпение. Но затоа Германците имаат едноставно решение, а тоа е тестото да се премачка со глазура, да се излади во фрижидер и дури потоа да се направат форми. Треба да ги следите сите чекори за да испаднат совршени како на сликата.

Состојки:

За тестото:

Реклама
  • 460 гр бадеми
  • 2 лажички ванилин шеќер
  • 1-2 лажички цимет
  • кора од лимон
  • 1/2 кора од портокал
  • 2 белки
  • прстофат сол
  • 240 гр шеќер во прав
  • 2 капки вкус на горчлив бадем

За глазурата:

  • 2 белки
  • 1 прстофат сол
  • 240 гр шеќер во прав

Подготовка:

Сомелете ги бадемите (460 гр.), потоа додадете ванилин шеќер, цимет, кора од лимон и кора од портокал и промешајте. Белките изматете ги кратко со малку сол, па додадете го шеќерот во прав и продолжете да мешате. Додадете ја смесата со бадемите и нежно промешајте, а кога смесата ќе се соедини, префрлете ја во проѕирна фолија, завиткајте ја и ставете ја во фрижидер еден час. Ако имате време, најдобро би било тестото да го оставите во фрижидер преку ноќ.

Белките изматете ги кратко со малку сол, па додадете го шеќерот во прав. Продолжете да мешате, но внимавајте смесата да не биде цврста. Покријте и ставете ја во фрижидер додека не ви затреба.

- Advertisement -

Извадете го тестото на поголема даска обложена со фолија. Тестото од двете страни посипете го со шеќер во прав за да не се залепи, а преку него ставете фолија. Потоа развлечете го тестото и премачкајте го со глазура (не многу). Тоа треба да биде тенок слој. Ставете да отстои во замрзнувач 15 минути.

Потоа изберете го калапот со формата што ќе ја користите за колачињата, потопете го калапот во врела вода и исушете ги на крпа, а потоа со нив направете форми на тестото. Пред секоја употреба, мора да го натопите калапот во вода и да го исушите во крпа. Внимавајте да не оставите многу вода бидејќи тогаш ќе се растопи глазурата.

За да го извадите колачето од калапот, употребете помал калап или нешто слично за да го турнете без да ја оштетите тортата или глазурата.

Оставете ги добиените колачи на собна температура околу 2-3 часа убаво да се исушат. Не се печат веднаш бидејќи глазурата може да напукне.

Во рерната на 200 ° C, загрејте го садот за печење на долната решетка. Вклучете ја рерната да се загрее само од дното. Во загреана тава обложена со хартија за печење ставете ги бисквитите. Повторно ставете го на долната решетка и печете околу 5-6 минути.

Добар апетит!

Во продолжение погледнете го видеото:

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -