СТАРИ КОЛАЧИЊА потопени во шербет: Потсетуваат на ТУЛУМБИ и се топат во устата во еден залак!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Ова е сладок десерт со специфична форма, се прелива со шеќерен сируп (агда). Овој колач многу потсетува на тулумби, само што не се пржи на длабоко масло, туку е малку поздрава варијанта, па се пече во рерна.

Оваа слатка содржи и кокос и тоа е една од разликите меѓу тулумбата и него, но она што ги врзува е формата и тоа што се потопени во шеќерен сируп, т.е. агда. Не се комплицирани за подготовка, а ќе ви се допадне нивниот вкус, на кој кокосот добива специфична нота. Задолжително пробајте го овој рецепт, а можете да го послужите и на прослави.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 90 мл масло или стопен путер
  • 85 гр гриз
  • 30 гр кокос
  • 1 шолја јогурт
  • 190 гр брашно
  • 1 лажичка ванилин шеќер
  • 1 полна лажичка прашок за пециво

За сируп:

  • 425 гр шеќер
  • 500 мл вода
  • 1 парче лимон

Подготовка:

- Advertisement -

Во шерпата прелијте ги шеќерот, водата и лимонот, промешајте, па ставете да се свари. Кога ќе зоврие, оставете уште една минута, па оставете да се излади.

Во сад измешајте ги маслото, јајцето, гризот, кокосот, јогуртот, ванилиниот шеќер и прашокот за пециво, па измешајте. Додадете го брашното, па со шпатула соединете малку, па замесете меко тесто.

Земете парче тесто, обликувајте го со сукало, па со вилушка поминете го на средина за да направите шара. Исечете парчиња приближно 3 cm во големина. Со прстите обликувајте уште малку, па потопете во гриз и наредете во плех за печење. Направете го истото со целото тесто.

Се пече во загреана рерна на 200 степени C околу 30-35 минути. Извадете го од рерната, почекајте неколку минути, а потоа истурете го ладниот сируп. Покријте и оставете да киснат 60 минути пред да послужите.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...

ПОХУВАНИ МАСЛИНКИ: Необично посно мезе ќе биде хит на трпезата!

Ви предлагаме да додадете посно мезе што освојува од првиот залак. Невообичаено и интересно мезе е секогаш добар начин да се покажете како одлична домаќинка....
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!