Најубавото јадење од мелено месо! Многу вкусни ќофтиња со малку поинаков сос што вреди да се испроба.




Состојки:
Ќофте:
- 700 гр мешано мелено месо
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 јајце
- бибер, по вкус
- зачин по вкус
- малку сенф




Мешавина од зеленчук:
- 1 глава кромид
- 2 грста праз исецкани
- 1 црвена пиперка
- 1 домат
- Доматно пире 1,5-2 дл
- 1-2 парчиња ловоров лист
- вода колку што е потребно




Подготовка:
1.Ситно исецкајте или подобро изрендајте ги кромидот и лукот и ставете ги во месото, потоа додадете ги другите состојки, измешајте и направете помали ќофтиња со рака.
Во тава со малку маснотии, кратко испржете ги ќофтињата од двете страни само за да добиете боја. Извадете ги и ставете ги во огноотпорен сад или тепсија.




2.Зеленчукот се сецка и се динста во истата маснотија од месото, се додава ловоровиот лист, доматното пире и водата, и се зачинува по вкус.
Потоа истурете ги ќофтињата во сосот и печете во загреана рерна на 200 C околу 40-45 минути.




За време на печењето, свртете ги ќофтињата така што и другата страна да биде натопена во сосот.
Пријатен апетит!