Старински ручек со ТАРАНА: Традиционален рецепт на нашите баби

Вреди да се проба:

Подгответе вкусна домашна тарана на стар традиционален начин.

Потребни состојки:

  • 400 г домашна тарана,
  • 250 г сечкан кромид,
  • 300 г сечкани компири на коцки,
  • 1 кафена лажичка паста од чили (опционално),
  • 100 г димена сланина,
  • 350 г домашен сув колбас,
  • 1 супена лажичка црвен пипер,
  • 150 г свежа зелена пиперка,
  • 300 г сечкани домати,
  • 2 чешниња ситно сечкан лук,
  • 1 кафена лажичка црн пипер,
  • сол по вкус,
  • вода.

Постапка:

Во загреано тенџере се става сланината и се пржи на тивко. Откога ќе ја испушти сланината својата маст, додајте ја тараната и пржете заедно со постојано мешање. Тараната ќе добие многу убава боја при пржењето.

- Advertisement -

Тараната се пржи се додека да добие убава потемна боја, а откога ќе потемни се додава сечканиот кромид и ситно сечканиот лук. По малку пропржување на кромидот и лукот, додајте го сувиот колбас и продолжете со мешање. За овој процес ќе треба да се пржи околу 15 минути.

Потоа додајте го црвениот пипер и лутата чили паста (по желба). Се соединуваат состојките, а потоа додајте ја свежата зелена пиперка и доматот. Се зачинува со црн пипер, а потоа се прелива водата. Водата треба да биде нешто над состојките.

Откога ќе ја ставите водата, додајте ги компирите и посолете по желба. Повремено додавајте вода по потреба доколку е потребно. Поклопете го садот и оставете да се крчка на тивок оган околу 40 – 45 минути, со повремено промешување за тараната да не загори.

Кога ќе омекнат сите состојки и изгасете ја ринглата. Тенџерето поклопете го со капак и оставете го да отстои уште 10 минути.

Се служи додека е топло.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!