Вкусен млечник кој се топи во устата. Ви ја пренесуваме солената верзија од овој старински рецепт, а може да се направи и благ.
Состојки:
- 750 гр брашно
- 1/2 квасец
- Вода
- Маргарин за премачкување
Фил:
- 6 јајца
- 500 мл млеко
- зачин копар
Подготовка:
Тестото се замесува со брашно, квасец и вода. Не треба да биде многу меко но и не премногу тврдо. Потоа се дели на три дела, еден поголем и два помали. Се сукаат две помали кори, и се оставаат на страна додека се сука третата.
Третата, поголема кора се сука цела, се премачкува со маргарин, па се превртува како за лиснато тесто. Се остава да се стегне маргаринот и потоа пак се расукува според плехот во кој ќе се пече да биде кружен. Се поставува во плехот и се попрскува.
Се прскаат и другите кори, па се ставаат до половина да не преминуваат преку работ а третата најголема кора се витка преку нив за да се добие раб.
Се става да се пече, на 200 степени само да се запече околу 20 минути потоа се вади плехот и се полева одозгора со филот кој сте го направиле од јајца, копар и млеко.
Се се враќа да се допече во рерна, уште околу 20- 25 минути. Следете го печењето и кога ќе добие златеста кора, готово е.
Добар апетит!