Старински рецепт кој освојува: Пивски кифлички – сочни, брзи и вкусни!

Вреди да се проба:

Реклама

Убави, брзи и вкусни бабини кифлички кои се исто идеални за секое време. Одлични се и во време на пости кога ќе посакате да направите нешто интересно.

Состојки:

  • пиво 250 мл
  • масло 150 мл
  • брашно 250 гр
  • кокосово брашно 100 гр
  • прашок за пециво 1 кесичка
  • вода 500 мл
  • шеќер 300 гр

Начин на подготовка:

Реклама

Во длабок сад измешајте пиво и масло. Додадете брашно, кокосово брашно и прашок за пециво. Змесете го тестото и оставете да отстои 10 минути, а потоа размесете го и формирајте мали кифлички.

Наредете ги кифличките во намаслен плех за печење. Ставете ги во претходно загреана рерна на 200 степени.

Реклама

Печете околу 25 минути додека убаво не поруменат.

Во меѓувреме, направете сируп од шеќер и вода. Испечените кифлички додека се уште топли потопете ги во врелиот сируп и оставете ги неколку минути да ја впијат течноста.

На крај убаво валајте ги во кокосово брашно.

- Advertisement -

Овие кифлички, колку подолго стојат толку се повкусни.

На здравје!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -