Старински рецепт за РОСНИК подготвен на гостиварски начин

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Тараната е тестенина која домаќинките многу често ја употребувале во минатото и со неа подготвувале разни комбинации на јадења: манџи, чорби, печени специјалитети.

Во гостиварско, доста популарен бил рецептот за росник, јадење чија основна состојка е домашната тарана. Да се потсетиме како нашите баби го правеле овој старински деликатес.

Состојки:

  • 500 гр.тарана
  • 100 гр. пченкарно брашно
  • 1,5 л. вода
  • 200 гр.сирење
  • сол по желба,
  • масло по потреба.

Подготовка:

Водата се става да зоврие. Се додава 3-4 лажици масло и сол по потреба. Потоа во зовриената ставете ја тараната да се подвари, околу 5 до 7 минути.

- Advertisement -

Убаво се меша три-четири минути, а потоа постепено се додава пченкарното брашно и при тоа постојано мешајте за да не се создадат големи грутки. Варете на тивок оган, се додека не се впие целото количество на вода.

Откако ќе се впие целата вода смесата истурете ја во плех и ставете да се пече во рерна околу 30-40 минути. Печете во загреана рерна на 200 степени и од време на време промешувајте го росникот со дрвена лажица.

Росникот е убаво направен кога зрната од тарана се двојат.

Откако ќе се испече росникот, попарете го со малку загреано масло. Маслото се загрева во посебно лонче до вриење и се попарува росникот, па убаво се меша. Раздробете го сирењето и одозгора поросете го росникот, потоа може да го измешате.  Вака подготвен росникот на гостиварски начин е спремен за јадење.

СОВЕТ ПЛУС: За печење на росникот користете постара тепсија баш поради тоа одлепување-стружење на зафатената кора. На дното од тепсијата и на краевите ќе се зафати коричка и откако ќе се извади од рерна со нож се одлепува коричката. Ова е неопходно затоа што се добива на вкус и росникот ќе биде покрцкав.

Добар апетит!

Извор: gostivarpress.mk

- Advertisement -

Последни рецепти

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...

ПОХУВАНИ МАСЛИНКИ: Необично посно мезе ќе биде хит на трпезата!

Ви предлагаме да додадете посно мезе што освојува од првиот залак. Невообичаено и интересно мезе е секогаш добар начин да се покажете како одлична домаќинка....
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!