Старински рецепт за милиброд – Вкус кој е невозможно да се заборави!

Вреди да се проба:

Реклама

Нема личност која не се сеќава на вкусниот бабин милиброд. Овој прекрасен рецепт за милиброд освен како десерт може да ви послужи и како замена за лесен оброк, појадок или вечера.

Филот може да биде по ваша желба-мармалад или џем, замрзнато овошје, мак, еурокрем и се друго што е по ваш вкус.

Реклама

Состојки:

  • 100 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 250 мл млеко
  • 100 мл масло
  • 1/2 коцка свеж квасец (25 гр)
  • 1/2 лажичка сол
  • 500 гр брашно (тип 500)

За фил:

  • џем

За премачкување:

Реклама
  • 1 жолчка со неколку капки масло

Подготовка:

Измешајте го квасецот во 250 мл млако млеко и додадете една лажица шеќер, па оставете го да нарасне околу 15 минути.

Во длабок сад додадете го квасецот, јајца, масло, шеќер, сол и брашно. Замесете ги состојките во мазно тесто. Можете да ги измешате и со помош на миксер, со додатоците за месење тесто. Добиеното тесто ставете го на набрашнета површина и размесете го уште малку.

Поделете го тестото на два дела, покријте го со крпа и оставете 45 минути да нараснат.

- Advertisement -

Размесете ги двата дела од тестото колку што можете поубаво. Размесете ги во правоаголна форма така што да добиете две кори.

Потоа одозгора намачкајте ја целата површина на корите со џем. Завиткајте ги со ролање по должина на корите. Наредете ти во намастена тава. Премачкајте ги ролните со изматена жолчка и ставете неколку капки масло во неа. Добиените ролати се оставаат малку да нараснат, на собна температура.

Печете околу 45 минути на температура од 200 степени.

Попрскајте ја готовата штрудла со малку вода, покријте и оставете малку да се излади. Попрскајте ги ролните со шеќер во прав и послужете ги топли.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -