Старински мини штрудли со тесто од свинска маст: Незаменлив десерт со мирис од детството!

Вреди да се проба:

Нема помеко и посочно тесто од она кое се меси со малку маст.

Состојки:

  • 500 гр. брашно
  • 1 ванилин шеќер
  • 200 гр. свинска маст
  • 1 павлака
  • рендана кора од 1/2 лимон
  • 1/2 прашок за пециво
  • џем по вкус (џем од сливи)

Начин на подготовка:

Изматете маст, павлака, ванилин шеќер и кора од половина лимон. Додадете брашно и прашок за пециво и замесете го тестото.

- Advertisement -

Расукајте го тестото во круг и расечете го на широки ленти. Премачкајте ги лентите тесто со џем и замотајте ги како ролати. Добиените ролати полнети со џем насечете ги по должина за да направете штрудли.

Штрудлите печете ги 10-12 минути на температура од 200 степени. Откако ќе се испечат додека се топли поросете ги со шеќер во прав.

Пријатен апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!