Овој рецепт е вистинско богаство од ризницата рецепти, кој се пренесувал од колено на колено. Пробајте и нема да зажалите.
Состојки:
- брашно 1 кг
- млака вода 500 мл
- квасец 1 коцка
- сол 2 лажици
- шеќер 2 лажички
- путер




Подготовка:
Ставете половина од квасецот и шеќерот во млака вода и почекајте квасецот целосно да нарасне. Во пластична вангла пресејте половина килограм брашно, додадете сол и промешајте. Потоа додадете го нараснатиот квасец, другата половина брашно и преостанатата половина од квасецот.




Убаво замесете го тестото и оставете да отстои еден час покриено со крпа. Тестото ќе стане поцврсто. Премесете го, а потоа повторно оставете го да нарасне уште половина час додека не ја наполни ванглата.
Се става во подмачкана и набрашнета шерпа за печење од 5 или 6 литри. Премачкајте го одозгора со путер и печете на 200 степени 45-60 минути, во зависност од рерната.




Кога лебот ќе се испече, попрскајте го одозгора со малку вода и покријте го со крпа, оставете го така десет минути. Извадете го од тавата и завиткајте во крпа.




Пријатно јадење!