Подгответе го овој прекрасен колач од јаболка, кој никого нема да остави рамнодушен.
Потребни состојки:
- 2 шолји (2дцл) брашно
- 2 шолји гриз
- 1 прашок за печиво
- 1 шолја шеќер
- 1 ванилин шеќер
Состојки за фил:
- 1 до 1,5 кг јаболки
- 1 ванилин шеќер
- Цимет
- 1/2 шолја шеќер
- 150гр путер




Подготовка:
Брашното и прашокот за печиво просејте ги. Додадете го гризот и шеќерот. Се заедно измешајте и поделете на 3 еднакви дела.




Јаболките изрендајте ги и помешајте ги со шеќерот, ванилниот шеќер и циметот. Разделете ги на два еднакви дела. Јаболките не се цедат, бидејќи нивниот сок ќе го натопи тестото и тоа ќе стане меко за време на печењето.




Загрејте ја рерната на 180 степени, а садот за печење премачкајте го со путер или масло.
Ставете го во тавата првиот слој од сувите состојки и израмнете со лажица. Врз него ставете ја едната половина од јаболките, додадете одозгора втор слој од сувите состојки, повторно израмнете со лажица и малку притиснете, па додадете го вториот дел на јаболки.




Завршете со третиот слој од суви состојки. Се убаво притиснете.
Путерот изрендајте го или исечете го на тенки листови и ставете го врз колачот.
Печете во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути.




Добар апетит!