Торта која се подготвува толку брзо и лесно, а вкусот е фантастичен.




Во морето од слатки кои можат да бидат премногу слатки, треба да се потсетиме и на оние старомодни колачи кои не потсетуваат на детството и растењето.




Тортата со јаболка е дефинитивно една од нив. Особено, оваа торта е многу лесно да се направи, така што нема да потрошите многу време и ќе добиете вкусен десерт по ручекот.
Состојки:
- 3 јајца
- 4 чаши шеќер
- 1 чаша вода
- 1,5 чаши масло
- 6 чаши брашно
- 6 мали јаболка
- 1 лажичка цимет
Подготовка:




Вклучете ја рерната на 250 степени целзиусови. Изматете ги шеќерот и јајцата заедно. Потоа додадете вода и масло, и промешајте. Додадете брашно и замесете мазно тесто.




Излупете ги јаболките и изрендајте ги. Потоа намастете го плехот за печење и истурете малку брашно, потоа ставете половина од тестото, но со лажица и рамномерно распределете го низ целиот плех.




Ставете ги јаболките на тестото, и додадете цимет во другата половина од тестото и промешајте. Потоа ставете ја таа половина врз јаболката. Печете во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 15-20 минути.
Добар апетит!