Реклама
Еве едно старо јадење на менито кај нас – нешто како леб, само со сирење. Убаво е, особено кога се сервира топло со кисело млеко или јогурт.




Состојки:
- 500 гр брашно
- 3 јајца
- 250 гр сирење
- 1/2 л млеко
- 1 вреќа прашок за пециво
- 1-2 лажици стопена маст
- сол




Подготовка:
Изматете ги јајцата и додадете млеко. Искршете го сирењето во нив и додадете брашно и прашок за пециво. Тестото е подготвено.
Реклама
Стопете ја маста која ја подготвивте за јадењето а доколку немате маст, можете да ставите масло. Истурете ја стопената маст во тавата, врз неа истурете го тестото и печете околу половина час на 220 степени.




Послужете со јогурт, кисело млеко, кисела павлака, сиренце…
Реклама
Пријатен апетит!