Баклава со интересни состојки кои го прават вкусот уште поавтентичен и уникатен.




Состојки:
- 500 гр кора за баклава
- 300гр слатки смокви
- 100гр мелени ореви
- 100 гр гриз од пченица
- 200 мл млеко
- масло за прскање
Прелив:
- 700 гр шеќер
- 700 мл вода




Подготовка:
Најпрвин згответе го шербетот, ставете ги во сад шеќерот и водата оставете да зовријат и уште 10 мин после тоа, а потоа оставете го настрана да се излади целосно.
Во тава на оган ставете млеко, гриз и ореви. Кога ќе зоврие, тргнете го од шпоретот мешајте и додадете ги ситно исецканите смокви (слатко од смокви) и пак убаво измешајте се.




Ставете две кори за баклава на работната маса, испрскајте ги со масло, потоа ставете уште две кори, и попрскајте ги со масло, а потоа на едниот крај распрснете го филот по целата должина.
Завиткајте ја кората како ролна, па ставете ја во намастен плех. Повторете го процесот додека не се потроши целиот материјал.




Печете во загреана рерна на 200 степени Ц околу 45-50 минути, додека убаво зарумени а потоа извадете од рерна и изладениот шербет прелијте го врз испечената баклава веднаш откако ќе ја извадите од рерна.
Пред сервирање, оставете добро да се накисне баклавата во шербетот.




Уживајте!