Доколку сакате месото повеќе никогаш да не ви е суво и жилаво, пред термички да го обработите, задолжително ставете го да отстои во маринада!
Ви го препорачуваме овој совршен рецепт:
- Advertisement -
Состојки:
- Половина шолја маслиново масло
- Половина шолја пиво
- 1 лажица мед
- 1 лажица сол
- 3 чешниња лук
Подготовка:
Излупете го лукот и гмечете го додека не стане кремаст. Во него додадете го маслиновото масло и пивото, а потоа и медот. Потоа сѐ убаво измешајте.
Месото исечете го на мали парчиња и прелијте го со маринадата.
Оставете ја маринадата да се маринира најмалку 3 часа, па потоа термички обработете го.