Српска гибаница: Пита во слоеви полнета со сирење, освојува со вкусот!

Вреди да се проба:

Реклама

Српската гибаница е еден вид пита што се редат во слоеви, се полни со сирење и се прелива со мешавина од јогурт, јајца, масло, вода и сол.

Се служи во сите можни прилики, од појадок и вечера, преку мезе на разни веселби, до излети. Сирењето што се користи е старо тврдо кравјо сирење, бидејќи е мрсно и солено, па затоа питата е повкусна и поубава. навикнати сме на ситно сирење, но навистина ви препорачуваме да го направите со старо сирење. Одличен е и со фета сирење.

Реклама

Состојки:

  • 1 кг кора за пита
  • 500 гр старо солено сирење
  • 2 лажички сол
  • 200 мл масло
  • 8 цели јајца
  • 200 мл вода
  • 500 мл јогурт

Подготовка:

Вклучете ја рерната на 200 степени да се загрее. Поделетеги корите на 6 дела. Поделете го сирењето на 5 дела.

Намачкајте голем плех и ставете го првиот дел од корите еден врз друг и секоја премачкајте ја со малку масло. На последната кора ставете парчиња сирење. Така постапете со сите кори и сирењето.

Реклама

Изматете ги јајцата со сол, додадете јогурт и вода, ако имате масло и ви останало и изматете се. Гибаницата исечкајте ја со остар нож на големи коцки и преливот прелијте го во процепите по малку.

Навалете го плехот лево-десно и напред-назад, така што преливот ќе помине насекаде. Ставете да се пече додека не порумени. Исечете ја питата повторно, покријте ја со крпа и изладете ја.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -