СПОРЕД СТАР РЕЦЕПТ: Боранија со говедско месо!

Вреди да се проба:

Вкусна чорба за целото семејство!

Состојки:

  • 800 гр млада боранија
  • 600 гр свежо говедско месо на коцки
  • 1 голем кромид
  • 5-6 чешниња лук
  • 1 морков
  • 1 свежа пиперка
  • 1 компир
  • 1 домат
  • грст магдонос
  • лимон или јаболков оцет
  • Зачин
  • сол
  • бибер
  • 1 дцл масло или малку путер
  • вода
  • 2 лажички црвен пипер
  • 1 полна лажица брашно

Подготовка:

Кромидот и лукот ситно исецкајте ги, пржете ги заедно. Додадете лук веднаш. Додадете говедско месо и 4 дцл вода, покријте го и оставете го да врие така 15 минути. Потоа додадете измиени и исчистени боранија, исцеден лимон и вода да се покријат, околу 2 литри.

- Advertisement -

Гответе еден час, а потоа и повеќе доколку на боранијата и треба уште време да омекне. Должината на готвењето зависи и од видот на боранијата, па според тоа ќе процените кога е готово. Кон крајот, додадете зачин, сол, сецкан магдонос.

Готовата боранија или запржете ја или само згуснете ја со брашно изматено со малку црвен пипер и малку вода. За запршката, загрејте го маслото и испржете го брашното, додадете црввена пиперка и веднаш истурете во боранијата која се уште се готви. Оставете да поврие малку повеќе вака запржено. Послужете со кисела павлака.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!