СПОРЕД СТАРИОТ РЕЦЕПТ НА НАШИТЕ БАБИ: Направете домашно сирење со само три состојки, што сите ги имаме во кујната!

Вреди да се проба:

Доколку сакате да испробате како нашите баби правеле сирење во поранешните времиња, еве еден рецепт. Иако може да се купи во продавница и е достапно на сите, можеби за забава ќе сакате да испробате.

Состојки:

  • 2 литри свежо млеко со поголем процент на маснотии
  • 60 мл оцет
  • сол по вкус

Подготовка:

Истурете го млекото во шерпа. Ставете да зоврие и додадете сол по вкус. Повремено мешајте. Млекото не смее да врие, па исклучете го шпоретот пред да зоврие.

- Advertisement -

Потоа додадете оцет и промешајте. Оставете да отстои неколку минути.

Ставете цедалка со газа на друга шерпа. Полека истурете го сирењето, па процедете. Соберете ја газата, а потоа свртете ја, а потоа процедете ја убаво со чинија. На крај, ставете ја чинијата над газата (која содржи сирење) и над чинијата нешто тешко.

Оставете го сирењето да отстои еден час и е подготвено. Можете да го чувате во сурутка.

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!