Фини и меки спирали. Не чекајте да нарасне тестото, туку направете и печете веднаш.
Состојки:
- 700 гр брашно
- 1 квасец коцка
- 1 лажичка сол
- половина лажичка шеќер
- 2 лажици масло
- околу 250 мл млака вода
- 300 гр. сирење
- 2 лажици павлака
- 250 гр маргарин
- сусам
Подготовка:
Ставете шеќер, лажичка брашно и квасец во малку вода, промешајте и оставете ги настрана за да се активира квасецот. Во сад во кој ќе замесите, просејте го брашното, додајте сол, масло и нараснат квасец. Додадете вода, измесете меко, мазно тесто што не ви лепи за рацете.
Пренесете го тестото на лесно набрашнета работна маса. Поделете го тестото на 2 топчиња. Сега со сукало, раширете едно топче и премачкајте со омекнат маргарин (маргаринот можете да го замените со путер).
Во друг сад ставете го сирењето и иситнете го со вилушка. Додадете павлака, промешајте за да се комбинира се убаво.
Половина од тестото, премачкајте го со фил од сирење. Сега преклопете го тестото врз филот и притиснете ги страните со прстите. Повторно премачкајте го тестото со маргарин и нанесете го филот на целата површина.
Кога ќе завршите со остатокот од тестото, префрлете го тестото врз првата. На втората кора, не ставајте го филот одозгора, само на првата. Со остар нож, исечете го тестото на ленти. Завиткајте го тестото со рацете за да добиете спирална форма. Наредете го во плех обложен со хартија за печење.
Премачкајте ја целата површина на спиралата со масло, и ставете сусам по вкус. Ставете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути. Кога тестото ќе добие убава златна боја, тогаш е готово. Додека се уште се топли, послужете ги. Наместо сирење, по желба можете да ставите спанаќ, блитва.
Добар апетит!