За љубителите на месо, особено дивеч, еве еден богат и срдечен рецепт како да приготвите срнешко.
Состојки:
- 1 кг срнешко месо
- 4 кромида
- 4 средни моркови
- 4-5 парчиња пиперка
- 2 ловорови лисја
- Брашно, масло
- 150 гр пушена сланина
- Зачини, мелен пипер, рузмарин
- 200 мл црвено вино
- 100 мл доматно пире
- Свеж магдонос
Подготовка:
Предходно чувајте го месото во маринада подготвена од: сецкан кромид, морков, пиперка, ловоров лист, бибер, и мешавина од 1 чаша вода и 1 чаша оцет најмалку 12 часа. После тоа, извадете го месото. Исечете го на помали парчиња и ставете една лажица брашно врз него. Ставете масло во тава и пржете го додека не зарумени од сите страни.
Во меѓувреме, исечете го кромидот на кругови и изрендајте го морковот. Ставете го месото во сад со 1 литар вода и додадете морков и кромид. Додадете бибер и ловоров лист. Додадете сол. Кога ќе зоврие, покријте го и оставете го да се готви.
По 1 час готвење, додадете сланина на коцки, црвено вино и доматно пире. Оставете да се готви непокриено, повремено истурајте малку вода доколку е потребно, но не премногу бидејќи јадењето треба да биде погусто. Кон крајот, зачинете по вкус со мешавина од зачини, бибер и рузмарин. Пред сервирање, посипете со сецкан свеж магдонос.
Добар апетит!