Иако звучи прилично едноставно, парчињата леб со ароматичен путер се едни од оние јадења од кои тешко може да се запрете да јадете – веројатно заради прекрасниот слој печен пармезан.




Ако ви останува леб, еден од начините на кој можете да го користите е со подготовка на миризливи парчиња со лук. Се што ви треба (освен леб и лук) е малку сирење, на пример пармезан, што ќе ја заокружи целата приказна. Ако имате билки, како што се рузмарин, мајчина душица – или чили, можете да си играте со ароми и вкусови.




Состојки:
- стар леб исечен на кришки
- 4 чешниња лук
- 120 гр путер
- 1/2 лажиче сол
- 2 лажици магдонос
- 60 гр сирење (пармезан)




Подготовка:
Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови. Поставете плех со хартија за печење или фолија. Во мал сад измешајте омекнат путер со сецкан лук, магдонос и сол.




Парчињата леб премачкајте ги со путер и посипете ги со рендано сирење. Печете околу 10 минути, додека лебот добие убава боја на рабовите и сирењето се стопи.
Одлично оди со зрел и сочен домат а исто така е и добар прилог за скара, школки..




Добар апетит!