Со овие трикови турското кафе секогаш ќе биде совршено! Еве како правилно се подготвува…

Вреди да се проба:

Реклама

Вистинските љубители на кафе добро знаат дека има нешто посебно во турското кафе. Да не би отишло во заборав, ве потсетуваме како правилно да направите турско кафе.

Турското кафе е добро за организмот, го штити срцето, мозокот и дава енергија.

Реклама

Подготовка на добро туско кафе

Во ѓезве ставете еден филџан ладна вода. Загрејте ја водата скоро до вриење, тогаш тргнете го од оган. Дел од водата излијте ја во филџан.

Во остатокот вода, во ѓезвето, додадете една лажичка кафе. Убаво промешајте со лажичка за да не останат грутчиња од кафето. Се додава една лажичка кафе по филџан, но доколку сакате појако кафе може да додадете повеќе кафе.

Реклама

Вратете го на оган ѓезвето со кафе и оставете да се вари. Кога ќе формира пена и ќе надојде, осавете да расте до работ од ѓезвето па повторно тргнете го од оган.

Додадете ја водата која на почеток ја излеавте во филџанот, а потоа вратете го ѓезвето на врела рингла и варете додека дојде до вриење.

Тргнете од оган и почекајте неколку секунди па додадете една лажица ладна вода.

- Advertisement -

Кафето е готово за служење. На здравје!

Разбудете се, почекајте неколку часа за првото кафе…

Пиењето кафе за многумина е начин на живот, а ако имате тежок ден полн со обврски тогаш кафето е неопходно. Многумина не можат да го започнат денот без барем една шоља од овој омилен напиток.

Но, се чини дека утрото не е најдобриот дел од денот кога се пие кафе. Според неколку спроведени истражувања се покажало дека најдобриот момент за пиење кафе е барем неколку часа после будењето.

Кога е најдобро време за кафе?

Ако се прашувате кога би требало да го испиете своето прво кафе, нема универзален одговор. Впрочем се зависи од тоа како вашето тело реагира на кофеин и како влијае врз вашиот метаболизам.

Треба да имате во предвид дека кофинот го стимулира централниот нервен систем, кофеинот внесен преку чај, кафе или енергетски напиток овозможува да останете будни и превенира да осеќате замор.

Премногу кофеин може да влијае на квалитетот на сон затоа внимавајте и слушајте го своето тело, па затоа сами одредете кога е право време за кафе а кога не треба да пиете.

Во секој случај, она што сигурно може да направите е да го поместите пиењето кафе наутро за час-два по будењето.

Исто така голем број научници се сложуваат дека кафето не би требало да се пие вечер, односно пред спиење, бидејќи влијае на квалитетот на сонот.

Со мало внимание и разбирање како вашето тело реагита на кофеин, можете да определите кога најмногу одговара да го ипиете овој напиток без никакви последици.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -