Реклама
Задоволство за душата и телото.




Состојки:
- 300 гр говедско месо
- 1 главица кромид
- 2-3 моркови
- 2 дл доматно пире
- 4-5 чешниња лук
- 1 л пиво
- малку целер
- малку брашно
- 2-3 ловорови листови
- сол
- бибер
- ѓумбир
Подготовка:




Говедското месо исечкајте го на коцки, превртете го во брашно и пржете на масло малку да порумени. Посебно пропржете го кромидот во сад.
Реклама




Потоа додадете исечкани моркови на прстени, сечканиот лук и целер, говедското месо, доматното пире , пивото, солта, биберот, ловоров лист и ѓумбирот, па се варете на средна температура околу час и половина, додека месото целосно омекне.




Уживајте!