Подгответе пилешко со зеленчук и воодушевете го вашето семејство или гостите.
Пилешкото е совршен избор за ручек, а подготвено вака со прилог и сирење, ќе ве воодушеви уште при првиот залак. Целото семејство може да се нахрани, а олеснување е што нема многу садови за миење. Потребна ви е само една тава, која лесно можете да ја измиете по употреба.
Состојки:
- 1 кг пилешко филе
- 1 кромид
- 3 чешниња лук
- 2 пиперки
- 7 шери домати
- 6 мали компири
- 150 мл сос од домати
- 100 мл вода
- тврдо сирење по желба
Подготовка:
Месото се сече на подебели ленти, се зачинува со сол и бибер, се валка во брашно, па се пржи на путер и маслиново масло. Извадете го од тавата, потоа додадете уште малку маслиново масло и путер и додадете ги сечканите компири и пропржете.
Потоа додадете сечкан кромид, а по неколку минути сечканата пиперка и домати. На крај, сечкан лук и прелијте го со сос од домати и вода. Зачинете по желба и издинстајте ја смесата, па вратете го месото. Посипете со рендано сирење и печете на 200°C околу 10 минути.
Пријатно!