Сочни, меки и вкусни лепињи полнети со кашкавал: Рапсодија на вкусови!

Вреди да се проба:

Реклама

Сочно и меко тесто полнето со стопен кашкавал ќе ве полуди со својот вкус…

Состојки:

  • 200 мл јогурт
  • Половина лажичка сода бикарбона
  • Половина лажичка сол
  • Половина лажица шеќер
  • 2 лажици масло
  • 1 јајце
  • 2 лажици масло
  • 400 гр брашно

Фил:

Реклама

120 гр рендан кашкавал
1 јајце

За премачкување:

Реклама
  • Коцка стопен путер или маргарин

Подготовка:

За да се подготви тестото, се мешаат сите состојки кои се наведени за подготовка на тестото и измешајте убаво. Треба да добиете тесто како за леб. Поделете ја смесата на 4 дела и оставете да одмори додека го правите филот.

Филот подгответе го така што ќе изрендате кашкавал и во него изматете 1 јајце. Посолете по вкус.

Сега секој дел од тестото малку расукајте го и на него ставете дел од филот на средина. Затворете од горната страна. Повторете со сите делови од тестото.

- Advertisement -

Добиените лепињи печете ги во тава со капак на средна температура. Ставете лепиња во тавата затворете со капакот и чекајте да се запече едната страна па потоа превртете од другата страна, додека не добијат убава запечена боја од двете страни.

Кога се готови, извадете ги и премачкајте ги со растопен путер.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -