Лесна, здрава и брза храна. Со ајвар и чаша јогурт, прекрасен почеток на денот.




Состојки:
- 500 гр брашно
- 1/4 прашок за пециво
- 2 јајца
- 1 лажица павлака
- 2 лажици сирење
- 1 чаша јогурт
- 1 чаша млеко
- сол
- 1 лажица масло
- вода по потреба
Прелив:
- Advertisement -
- 1 јајце
- 1 лажица масло
- 2 лажици сирење
- 1 чаша јогурт




Подготовка:
Измешајте ги сите состојки на тестото. Додадете доволно вода за да го направите тестото малку погусто од она за палачинки. Изматете добро и истурете врз хартија за печење. Важно е плехчето во кое ќе го печете да биде пошироко за да тестото не биде дебело. Печете на 220 ° додека тестото не добие златножолта боја.




Потоа измешајте ги сите состојки за преливот. Кога ќе биде готово печењето, прелијте ја питата со преливот кога мекушата ќе добие кафеава боја и печете уште 10-тина минути. Тоа е тоа.




Оваа пита одлично оди со јогурт, сиренце, ајвар или по ваша желба.
Добар апетит!