Сочен колач од портокал кој ќе го заслади вашиот ден!

Вреди да се проба:

Реклама

Неописливо сочна и мека, ќе го заслади вашиот снежен ден! Овој рецепт е толку едноставен, брз за подготовка и неверојатно вкусен.

Состојки:

  • 250 гр  брашно
  • 350 гр шеќер
  • 1 лажичка сол
  • ½ лажичка сода бикарбона
  • ½ лажичка прашок за пециво
  • 300 мл маслиново масло
  • 300 мл млеко
  • 3 јајца
  • 1 лажица рендана кора од портокал
  • 60 мл сок од портокал
  • 50 мл ликер од портокал

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови, и подмачкајте калап за печење 22 или 24 см или обложете го со хартија за печење.

Реклама

Измешајте брашно, шеќер, сол, прашок за пециво и сода бикарбона.

Во друг сад изматете ги јајцата и истурете маслиново масло, млеко, ликер и сок и кора од портокал.
Додадете ги сувите состојки и промешајте кратко, додека не добиете мазна смеса.

Реклама

Истурете ја смесата во подготвениот калап и печете околу еден час, додека горниот дел не добие златна боја.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -