Солени стапчиња со сирење – идеални за закуска!

Вреди да се проба:

Направете солени стапчиња што сите ќе ги обожаваат.

Состојки:

  • 250 гр. ситно рендано сирење
  • 250 гр. маргарин
  • 1 лажичка сол
  • 500 гр. брашно
  • 1 коцка свеж квасецso
  • 1 јајце
  • 100 мл. вода

Подготовка:

Ставете го квасецот во млака вода, да се активира. Потоа измешајте го со брашно па додадете го ренданото сирење, сол и маргарин. Замесете меко тесто и оставете го да стаса на топло место околу 30 минути.

- Advertisement -

Откако тестото ќе нарасне, размесете го во кора со дебелина од 5 милиметри и со нож  исечете го на стапчиња.

Поделете ги стапчињата и наредете ги во намаслен плех. Премачкајте ги одозгора со едно изматено јајце и посипете ги со сусам. Оставете го тестот да одмори уште 15 минути.

Потоа ставете ги да се печат стапчињата. Се печат на температура од 200 степени Целзиусови, околу 20 минути.

Уживајте во вкусот!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!