СОЛЕНИ ПРИНЦЕС КРОФНИ СО РУСКА САЛАТА: Збогатете ја вашата трпеза со најубавото мезе кое веднаш ќе исчезне од масата!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Принцес крофните полнети со руска салата се фантастично предјадење кое мора да се најде на секоја празнична маса.

Руската салата е неизбежна на празничната трпеза и нема човек кој ќе одбие да ја јаде. Истото важи и за принцес крофните, прекрасен десерт направен од тесто и фил од ванила што се топи во устата. Сега спојте ги омилените десерт и салата во едно јадење и ќе го добиете најубавото мезе – принцес крофни полнети со руска салата. Ова неодоливо мезе ќе ја комплетира секоја трпеза, а сите веднаш ќе го грабнат.

Состојки:

- Advertisement -

За тестото:

  • 250 мл вода
  • 125 мл масло
  • 2 лажици шеќер
  • 150 гр брашно
  • 4 јајца

За руска салата:

  • 480 гр компири
  • 300 гр моркови
  • 300 гр шунка
  • 300 гр грашок
  • 200 гр сенф
  • 200 гр кисели краставички
  • 280 гр мајонез
  • 400 гр кисела павлака
  • 4 варени јајца

Подготовка:

За тестото: Измешајте вода, масло и шеќер. Оставете да зоврие, па тргнете го од оган. Додадете просеано брашно и соединете со жица. Оставете да се излади околу 5 минути. Изматете, па додадете ги јајцата и изматете по секое додавање.

Истурете во шприц за колачиња, па истурете во плех обложен со хартија за печење. Се пече во загреана рерна на 200°C околу 30 минути. Никогаш не ја отворајте рерната додека тестото се пече. Кога ќе завршите, отворете ја вратата од рерната и оставете да се излади околу 10 минути.

За руската салата: згответе грашок, моркови, јајца, помали компири со лушпа. Оставете да се излади. Шунката, краставиците, компирите (без лушпа), морковите и јајцата исечкајте ги на коцки. Во поголем сад измешајте ги мајонезот, сенфот и павлаката, па додајте ги останатите состојки. Добро промешајте. Пробајте, а доколку е потребно додадете бибер.

За полнење на тестото: Исечете го врвот на крофните, наполнете со салата и затворете го со исеченото тесто.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Домашен леб како од пекара, рецепт од познатиот готвач – крцкав однадвор, внатре мек како душа

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак...

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!