Брзо и лесно направете здрави солени палачинки.




Сите ги сакаат палачинките како свој омилен десерт, а можностите за подготовка се неограничени, па се подеднакво вкусни и солени и слатки. Заедничко за двете е тоа што се подготвуваат брзо, состојките се евтини и не бараат многу труд.




Овој рецепт сигурно не сте го пробале досега, а се работи за солени палачинки со магданос. Овие палачинки се совршени за појадок, вечера или ужина.




Состојки:
- еден грст магдонос
- 2 јајца
- 250 мл кисела вода
- 200 мл млеко
- 250 гр брашно
- половина лажичка сол
- прстофат бибер
- 50 мл масло
Подготовка:




Соединете ги јајцата, млекото, киселата вода, солта и биберот, додадете масло и брашно и изматете се во мазна маса без грутки. Масата ќе биде за нијанса подебела од вообичаената за палачинки.




Магдоносот се мие и се сечка, па се додава во смесата. Во загреана тава печете ги палачинките, но истурете малку погуста маса. Печете ги додека не поруменат од двете страни, свиткајте ги во триаголници или виткајте ги во ролна и послужете ги.




Можете да ги јадете со додаток на сос или намази на база на сирење, но совршени се и кога се јадат само така.
Пријатно!