Реклама
Совршено мезе за секоја пригода, а се подготвува брзо и лесно.




Состојки:
- 1 пакување обланди
- 1 павлака
- 1 кг фета сирење
- 100 мл јогурт
- Сол по вкус
- 400 гр печеница
- 4 јајца варени
- зеленчук по вкус за гарнир
Подготовка:




Сирењето исечкајте го, измешајте со павлаката и јогуртот и посолете. Листот од обланда тенко премачкајте го со филот и наредете ја печеницата. Над печеницата се става уште еден тенок слој од филот, па уште една обланда и така додека да се потроши материјалот.
Реклама




На крај се посипува со рендани варени јајца. Оставете да се излади најдобро преку ноќ. Колку повеќе стои, толку е поубаво.




Пријатно!