Доколку сте љубител на слатките крофни, сигурно ќе ве воодушеви солената варијанта.




Иако крофните најчесто се прават во слатка варијанта, полнети со џем или чоколадо, ќе ве воодушеви и солената варијанта со фета сирење. Солените крофни со сјај на фета сирење одат во комбинација со ајвар и сувомеснати производи. Идеални се за вистински семеен појадок со домашен јогурт или кисело млеко.




Состојки:
- 1 кг брашно
- 3 јајца
- 450 гр фета сирење
- 200 мл масло
- 180 мл јогурт
- 100 мл млеко
- 100 мл вода
- 1 кесичка прашок за пециво
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажица сув квасец
Подготовка:




Во сад прво измешајте ги течните состојки, јајцата, јогуртот, маслото, млекото и водата, потоа додадете шеќер, сол, прашок за печиво и сирење, па додадете брашно и замесете тесто.




Оставете го настрана да отстои додека тестото не нарасне. На работната површина посипете малку брашно, ставете го тестото и расукајте го со сукало, па со чаша извадете ги круговите.




Во подлабока тава или шерпа сипете масло, а потоа внимателно спуштете го секој круг. Печете ги од двете страни додека убаво не поруменат.




Пријатно!