Солени кроасани со јогурт: За секое време од денот!

Вреди да се проба:

Меко воздушно тесто. Не бара голема подготовка но вкусот е еден и единствен.

Состојки:

  • 2,5 дл јогурт
  • 3 дл млеко
  • 1 коцка свеж квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 2 жолчки
  • 1 дл масло
  • 1 кг меко брашно тип-400
  • 200 гр маргарин
  • 250 гр сирење
  • 30 гр семе од сусам

Подготовка:

Во соодветен сад измешајте ги квасецот, шеќерот и млакото млеко, па оставете ги да отстојат додека не стаса квасецот.

- Advertisement -

Во голем сад измешајте јогурт и масло, додајте квасец, сол по вкус и полека додавајте брашно, матете цело време. Кога тестото ќе почне да се одделува од вашите раце, извадете го од садот, обликувајте 9 мали кори, покријте ги со крпа и оставете ги да стојат.

Откако ќе отстојат, размесете и расукајте ги корите, а потоа со сечење во саканите форми, обликувајте и направете кифлички. Внатре наполнете ги со фил од сирење пред да ја замотате секоја кифличка.

Пред да ги печете, секоја кифличка премачкајте ја со жолчка и на секоја ставете по едно мало парче маргарин за да станат меки при печењето, а потоа посипете со сусам.

Печете ги кифличките на температура од 200 степени околу 25 минути  но проверувајте ги за да не ви изгорат. Готови се кога ќе заруменат.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!