Солена штрудла се прави од вкусно тесто кое можете да го искористите и за други рецепти.




Состојки:
Тесто:
- 200 мл млако млеко
- 200 мл кисела вода
- малку повеќе од 1/2 свеж квасец или 1 кесичка сув квасец
- 1 лажица шеќер
- 700 гр брашно
- 100 гр маст или 1/2 чаша масло
- 1 лажица сол
Фил:
- сирење, јајце, шунка, кулен, кашкавал, пушено мелено месо …
- за посната верзија – излупен домат, туна, ајвар, мелени билки со маслиново масло (посно песто)
За обложување:
- 1 јајце (за масна верзија)




Подготовка:
Промешајте го квасецот во млако млеко, додадете шеќер и почекајте да се активира квасецот. Во брашното, додадете квасец, кисела вода, сол и маснотии, и измесете мазно тесто. Замесеното тесто оставете го да стаса околу еден час.




Поделете го тестото на три дела. Секое парче расукајте го во правоаголник со димензии 30 x 25 цм, премачкајте го со фил и завиткајте го во тесна ролна. Секој ролат ставете го во плех обложен со хартија за печење и премачкајте со изматено јајце, па прободете на неколку места со вилушка.




Печете во загреана рерна, на 200 степени 30-35 минути (кога е доволно зацрвенето, лесно покријте со хартија за печење, за да не изгори)




За филот: Тешко може да се дадат точни мерки за полнење, бидејќи секоја штрудла може да се премачка со различно полнење. За едно е потребно поголемо парче младо сирење и 1 јајце или 2 лажици крем сирење и околу 100-150гр кулен или неколку лажици кечап, лажица сушено оригано, 150 гр шунка и 100 гр рендано сирење.




За посната верзија, наместо млеко, ставете кисела вода (вкупно 400мл) и заменете ја маста со масло. Не ја премачкувајте штрудлата. Наполнете со пире од излупени домати, варени со билки и лук и посипете со магдонос.
Добар апетит!