Совршена за сите празнични прилики, но и брза закуска за целото семејство.
Состојки:
Кора:
- 20 лажици брашно
- 200 гр варен спанаќ
- 1 дл масло
- 1 дл кисела вода
- 1 дл пиво
- 1 кесичка прашок за пециво
Фил:
- 280 мл мајонез
- 150 гр варен ориз
- 100 гр маргарин
- 4 кисели краставички
- 2 лажици сенф
- 50 гр печен сусам
Подготовка:
Истурете брашно, прашок за пециво во садот, промешајте, потоа истурете масло, кисела вода и пиво и месете го тестото. Додадете ситно исечен варен спанаќ и сол, а потоа продолжете да мешате. Поделете го тестото на три дела, па печете три кори на 200 степени околу 20 минути и оставете ги да се оладат.
Изматете го маргаринот додека не стане пенлив, додадете мајонез, сенф, добро исцеден варен ориз, сецкан магдонос и сецкани краставици и сол.
Наредете ја солената торта така што ќе ставите кора па потоа од филот и така до потрошување на состојките. На крајот Премачкајте ја тортата со преостанатиот фил и одозгора посипете со печен сусам или цецкан магдонос по желба.
Добар апетит!