Вака подготвената солена торта можете да ја служите како предјадење на било каква слава, но и како ручек кога ќе се собере целото семејство.
Состојки:
- 300 гр брашно
- 200 гр путер
- 1 јајце
- 1/2 лажичка сол
- 1 лажичка црвен мелен пипер
- 1 лажичка црн бибер
- 1 кромид
- 1 морков
- 500 гр. пилешки џигер
- 1 пиперка
- 150 гр. маслинки
- 100 гр. кашкавал
- 2 парчиња моцарела
- 2 лажици кисела павлака
Начин на подготовка:
Брашното помешајте го со путерот и со раце соединете ги со мешање. Потоа додадете биберм сол, црвен пипер и едно матено јајце. Промешајте добро. Замесете го тестото па замотајте го во провидна фолија или пластично ќесе и ставете го во фрижидер.
Во една тава издинстајте ситно сецкан кромид и рендан морков. Во посебна тава пропржете го пилешкиот џигер. Потоа во длабок сад додадете го пропржениот кромид со морков, ситно сецкани маслинки и пиперка, рендан кашкавал, изцеден од масло пропржениот пилешки џигер. Посолете и забиберете, додадете мелен црвен пипер и добро измежајте.
Извадете го тестото од фрижидер, па со прсти разширете го. Потоа ставете го во плех за печење со пречник од 20см, кој претходно е обложен со хартија за печење.
Тестото убаво распоредете го на дното и по рабовите се до врвовите. Додадете половина од филот, убаво распоредете притискајќи малку со лажица, прекријте со моцарела сечена на кругови, па додадете го другиот слој од филот кој истотака ќе го распоредите со притискање со лажица. На крај прелијте со кисела павлака и убаво израмнете ја површината.
Печете на 180 степени Цлзиусови околу 40-50 минути, а потоа оставете да отстои 3-4 часа. Премачкајте со тенок слој мајонез и одозгора посипете со рендан кашкавал.