Солена розен торта готова за неколку минути – Нејзиниот вкус ќе ве маѓепса!

Вреди да се проба:

Реклама

Солената розен торта е едноставно ладно предјадење, лесно и брзо се прави, одлична е дури и за почетници, не може да погрешите а ќе изгледа толку шарено и привлечно.

Ова е одлично предјадење за секоја пригода, особено кога подготвувате многу храна за да им послужите на гостите.

Реклама

Состојки:

  • 1 пакување солени розен кори (8 кори)
  • 500 гр рендано сирење (може и урда)
  • 500 гр кисела павлака
  • 200 гр мајонез
  • сол по вкус (1/2 лажичка сол)
  • 250 гр шунка, салама или пилешки гради
  • 3-4 кисели краставички
  • 3 лажици ајвар
  • 200 гр кашкавал (едам, гауда, чедар)

Подготовка:

Измешајте го ренданото сирење заедно со киселата павлака, мајонез и сол и сè добро соединете во хомогена смеса.

На крупно ренде во сад изрендајте ја шунката, во одделен сад краставички на помало ренде, а во третиот ставете ајвар и во четвртиот рендано сирење.

Реклама

Подоцна во одделен сад ставете една шака рендан кашкавал за декорација.

Добиената смеса со рендано сирење поделете ја на 4 еднакви делови. Првиот дел, 1/4( 2,5 лажички) од сирењето соединете ја со ренданите краставички, вториот дел измешајте го со шукна и третиот со ајвар. Четвртиот дел од смесата со сирење оставете го на страна, останува таков бидејќи го премачкува колачот одозгора.

Редење: кора, фил со сирење, кора, фил со шунка, кора, фил со ајвар, кора, па повторете уште еднаш. Кората ја премачкуваме малку помалку од половина од смесата за да имаме по малку за премачкување на седмата кора. за седмата ги соединуваме сите овие филови измешани па премачкуваме.

- Advertisement -

На осмата кора одозгора ставете даска или плех и малку притиснете или ставете тежина за да се израмни колачот. Се остава да отстои така половина час, а потоа се премачкува со четвртата преостаната смеса од сирење и се посипува со рендан кашкавал.

Оставете во фрижидер да се стегне, се до сервирање. Пред сервирање на тортата од розен кори, исечете ги рабовите со нож тенко и само ако се суви краевите, а потоа исечете ја тортата на коцки.

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -