Совршен сос за шпагети, месо или како намаз: Се прави за тој час!

Вреди да се проба:

Барате рецепт за едноставен, брз и супер крем сос од печурки што ќе го послужите како топло предјадење, како сос за тестенини, како гарнир на омиленото јадење со месо или како ладен намаз?

Го најдовте! Овој сос е исклучително брз и лесен за подготовка, може да се послужи како топло предјадење со тост леб или како прилог со омиленото јадење со месо. Најдобро е кога се консумира веднаш, додека е се уште топол, но може да го јадете и ладен.

- Advertisement -

Состојки:

  • 500 гр печурки
  • 1 праз
  • 2 чешниња лук
  • 2 гранчиња свежа мајчина душица
  • 2 прстофати сол
  • малку свежо мелен црн пипер
  • 100 мл бело вино
  • 200 мл слатка павлака
  • маслиново масло
  • гранче свеж магдонос

Подготовка:

Исчистете ги шампињоните добро за да се отстрани останатата земја (не ги мијте) и исецкајте ги на помали парчиња. Измијте го празот, исушете го и исечете го на тенки прстени.

Во широко загреано тавче, истурете маслиново масло, 2 исецкани чешниња лук, додадете мајчина душица и лесно пропржете (внимавајте да не го изгорите лукот). Потоа додадете го празот и пржете на средна топлина околу 7-8 минути, или додека не омекне.

Додадете шампињони и продолжете да крчкате уште 10 минути додека шампињоните не омекнат. Истурете го виното и вријте додека алкохолот не испари.

Додадете сол и бибер, а потоа додадете павлака и варете уште 5 минути додека сосот убаво не се соедини.

Посипете го сосот со ситно сецкан магдонос и послужете го. Прелијте го врз омилените тестенини или послужете го со печени пилешки гради и друго печено месо.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!